16 Мар Боксерскиот Олимписки турнир во Лондон прекинат под итна постапка
Организаторите на Олимпискиот квалификациски турнир во Лондон објавија дека натпреварите се прекинати поради алармантната ситуација со Ковид-19.
На овој турнир учество пријавија над 60 земји од Европа, меѓу нив и Македонија со двајца претставници, Јасин Љама и Гоце Јанески кои загубија во квалификациите.
Според информацијата упатена до националните федерации, одлуката е донесена поради актуелната ситуација во светот предизвикана од Ковид-19, рестрикциите во меѓунардниот авио сообраќај и препораките на Владите ширум светот.
Боксерските турнири ќе бидат во прекин до месец мај, тоа занчи дека нема да се одржи квалификацискиот турнирза ЛОИ во Токио кој требаше да се одржи во Париз.