Menu

Бокс

Македонскиот младински репрезентативец, Александар Ристовски (81 кг) , член на Шкендија Но Лимит го освои сребрениот медал на 38 - издание на „Војвоѓанска ракавица“. Ристовски на меѓународниот турнир од А категорија, во финалето во Суботица загуби со прекин во втората рунда од Србинот Алмир Мемиќ. ...

Арсим Етеми и Лео Јовановски се елиминирани на сениорскиот меѓународен турнир „Загреб Гранд При“ во Хрватска. Етеми во категоријата 81 кг. загуби со прекин од Русинот Разиуан Мазихов во првата рунда. Лео Јовановски беше поразен од  Хрватот  Ноа Језек во категоријата 75 кг  со 2-1.   https://www.facebook.com/russianboxingfederation/videos/4452633928144717/  ...

Денеска во Загреб беше извршена ждрепката за првото коло на меѓународниот турнир „Загреб Гранд При“. Македонија има двајца боксери, Лео Јовановски за противник  го доби Хрватот  Ноа Језек во категоријата 75 кг, додека Арсим Етеми ќе се сретне со Русинот Рајуан Мајихов во категоријата 81 кг. Натпрварите...

Македонија ќе настапи со двајца  боксери на сениорскиот турнир во Хрватска „Загреб Гранд При“ кој започнува од утре, 8 октомври и ќе трае до сабота кога од 19 асот се предвидени финалните борби. Арсим Етеми (категорија 81 кг) и Лео Јовановски (категорија 75 кг) се претставниците...

Македонската јуниорска репрезентација со еден боксер ќе настапи на 38. издание на „Војвоѓанска  златна ракавица“ во Суботица. Рпрезентативецот на Македонија, Александар Ристовски член на БК Шкендија Но Лимит ќе ја претставува нашата репрезентација во младинска конкуренција, на турнирот ќе настапат боксери од домаќинот Србија, Бугарија, Романија...

Боксерот на Шкупи и член на македонската репрезентација, Ардијан Аземи е победник на Меѓународниот тунир „Лах Нимани“ во Приштина. На еднодневниот турнир со скратена програма, настапија боксери од три земји, домаќинот Косово, Македонија и Албанија. Ардијан Аземи победи во категоријата 91 килограм, боксерот на Шкупи и кандидат...

Управниот одбор на боксерската федерација на Македонија, донесе одлука да го одложи одржувањето на „Златен Гонг 2020“ поради пандемијата на коронавирусот. Оваа година традиционално во ноември, трeбаше да се одржи 50-јубилејно издание на „Златен Гонг“, но поради светската пандемија на коронавирусот не може достојно да се...

Европската боксерска федерација (ЕУБЦ) го ревидираше календарот за 2020 година во согласност со ставовите на сите федерации кои дадоа свои предлози за кадетското, јуниорското и У22 европскиот собир. Пандемијата предизвикана од Ковид-19 го измени календарот, до крајот на 2020 година, доколку има услови за тоа ќе...

Во време на криза и пандемија, Боксерската федерација на Македонија, додели опрема на 27 активни клубови, членки на федерацијата. БФМ се грижи за развојот на боксот во државата, со цел унапредување на боксерскиот спорт, на активните клубови им додели спортска опрема за тренинг. Опремата се состои од...