Menu

ЕУБЦ ги одреди термините за европските првенства до крајот на 2020 година

ЕУБЦ ги одреди термините за европските првенства до крајот на 2020 година

Европската боксерска федерација (ЕУБЦ) го ревидираше календарот за 2020 година во согласност со ставовите на сите федерации кои дадоа свои предлози за кадетското, јуниорското и У22 европскиот собир.

Пандемијата предизвикана од Ковид-19 го измени календарот, до крајот на 2020 година, доколку има услови за тоа ќе се одржат три Европски првенства во возрасните категории, кадети, јуниори и У22.

Според предлогот на ЕУБЦ, организатори се Црна Гора, Бугарија и Италија.

ЕУБЦ го задржува правото да ги измени датумите на организација на првенствата, па и да ги одложи доколку не постојат услови за организација поради пандемијата од Ковид-19.

Tags: