Menu

Формирана регионална лига во бокс, Македонија со Вардар во А-Групата

Формирана регионална лига во бокс, Македонија со Вардар во А-Групата

Во Сараево денес беше официјализирана регионалната лига во бокс, осум клуба од Македонија, Србија, Хрватска, Бих, Црна Гора и Словенија.

Македонија ќе ја претставува БК Вардар, нашиот тим е во група со Лозница (Србија), Железничар (БиХ) и Црногорски Соколи (Црна Гора)

Во првото коло кон крајот на мај, Вардар ќе ја пречека Лозница во Скопје, додека Железничар е домаќин на Црногорски Соколи.

Група А

Вардар-Лозница

Железничар – Црногорски Соколи

Група Б

Црвена Звезда-Марибор

Хрватски Витези – Радник