24 Ное ФОТО: Македонија со четворица боксери на Европското првенсво за кадети во Софија
Боксерската федерација на Македонија учествува со четворица боксери на Европското првенство за кадети во Софија. Ова е нова шанса за нашите надежи да се натпреваруваат на едно големо натпреварување на кое ќе учествуваат боксери од 19 земји.
Македонската кадетска репрезентација ќе ја претставуваат, Петар Арсовски во категоријата 46 килограми, Енис Алиу во категоријата 54 килограми, Бекир Лимани во 57 килограми и Кемал Фетаи во категоријата 60 килограми.
Тренер на репрезентацијата е Владимир Цекиќ. Ждрепката ќе се одржи денеска, натпреварите започнуваат од утре.