24 Фев Гоце Јанески освои бронзен медал на Балканското првенство во Анталија
Македонскиот репрезентативец, Гоце Јанески во категоријата -75 кг на Балканското првенство во Анталија, Турција, освои бронзен медал.
Јанески загуби од Бесрат Пирева од Косово во рамноправна борба. Нашиот репрезентативец во четвртфиналето беше поуспешен од Србинот Филип Џиниќ.