14 Мар Квалификации за ЛОИ Токио: Љама против Цаникидис, Јанески против Квадрадо
Нашите репрезентативци ги добија противниците во квалификациите за ЛОИ во Токио, прв на рингот во Лондон ќе излезе Јасин Љама кој за противник го доби Александрос Цаникидис од Грција.
Во категоријата на Јасин Љама, 63 килограми има вкупно 28 боксери, неговата борба со Цаникидис е на програмата утре.
Гоце Јанески во категоријата до 75 килограми за противник го доби Етерна Квадрадо од Шпанија. Јанески на рингот излегува задутре (16.03.2020). Во категоријата на Јанески има пријавено вкупно 34 боксери.
Квалификацискиот турнир во Лондон е прв од двата предвидени за обезбедување Олимписка норма за игрите во Токио 2020 година.