08 Фев Македонија со 17 боксери ќе настапи на „Златна ракавица- Балкан Гранд При“
Боксерската федерација на Македонкија со делегација од вкупно 20 учесници ( 17 боксери и 3 тренери) ќе настапи на младинската „Златна ракавица-Балкан Гран При“ на која ќе учествуваат уште боксери и од Србија, Хрватска,Словенија, БиХ и Црна Гора.
Покрај настапот на турнирот кој започнува на 17.02 и ќе трае до 21.02.2021 година, македонската репрезентација за боксери родени 2002, 2003 и 2004 година ќе одработи и заеднички подготовки со репрезентациите од регионот од денес па се до почетокот на турнирот.
На турнирот ќе настапат:
АРДИЈАН АЗЕМИ, ШПЕТИМ АЈРЕДИНИ, АРДИЈАН ЏЕМАИЛИ , РУЗЃАР АСАНОВСКИ БЕКИР ЛИМАНИ, ХАДИ ШЕХАБИ, АЛЕКСАНДАР РИСТОСКИ, СУАД КУРТИШИ, МОНИКА СТОЈКОВСКА, ДАВИД ГОРГОКЕСИ , АЛЕН РУСТЕМОВ ,ЕЛЕС АСАНОВ , ДАМЈАН ТАЛИМЧЕ , ЃОШЕ ЃОШОВ, РЕСУЛ МАМУДОВ, ШЕРО МАМУТОВСКИ И ФЕРИД ХОЏА.
Тренери:
ВАСКО ЦУБАЛЕВСКИ, ЛИМИ ЛИМА И МУХАМЕД АЛИЈА