Menu

МАКЕДОНИЈА СО ДВАЈЦА БОКСЕРИ НА „ЗАГРЕБ ГРАНД ПРИ 2020“

МАКЕДОНИЈА СО ДВАЈЦА БОКСЕРИ НА „ЗАГРЕБ ГРАНД ПРИ 2020“

Македонија ќе настапи со двајца  боксери на сениорскиот турнир во Хрватска „Загреб Гранд При“ кој започнува од утре, 8 октомври и ќе трае до сабота кога од 19 асот се предвидени финалните борби.

Арсим Етеми (категорија 81 кг) и Лео Јовановски (категорија 75 кг) се претставниците на Македонија на рингот во Загреб.

Во нашата делегација се уште и тренерот Димитар Ташков и АИБА судијата Петре Неделковски.

Според најавата на организаторот, на турнирот ќе настапат боксери од најмалку 10 земји, покрај домаќинот Хрватска, свои претставници ќе имаат и Македониија, Русија, Украина, Франција, Италија, Полска, Казахстан…