25 Ное Насер Харуни: Овој успех е на сите, ќе направиме се да напредуваме уште повеќе
Тренерот на нашиот медалист од Будва, Насер Харуни на денешната прес конференција повод успехот, освоениот бронзен медал, потенцираше дека освојувањето на овој медал е заслуга на сите, на федерацијата на останатите тренери кои работат во боксот, ова е награда за сите.
„Сакам да истакнам дека ова е успех на сите, прв медал во младинска конкуренција на европско првенство. Со доаѓањето на Примислав Димовски на претседателската функција боксот оди напред, сакам да му се заблагодарам и на Петре Чурлиновски, искусниот наш тренер во боксот, неговите совети беа драгоцени на патот кон припремата на борбите во Будва. Жалам што не успеавме да влеземе во финале, Ардијан боксуваше одлично, загуби тесно со 3-2, но следува светското првенство и ќе се обидеме да напредуваме“ – изјави Харуни.