25 Јул ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА КАНДИДАТИ ЗА СУДИИ
Националната боксерска федерација, ги известува сите заинтересирани за полагање на испит за кандидат за боксерски судија (писмен дел од техничките правила на ИБА), ќе се одржи во текот на месец септември 2022 година, точниот датум дополнително ќе биде објавен.
Кандидатите кои сакаат да полагаат и да станат судии во боксерскиот спорт, до федерацијата да достават документација:
- Извод од матична книга на родени (копија)
- Лична карта (копија)
- Кратка биографија
- Диплома или свидетелство за завршено најмалку средно образование
- Две слики
Испитот го подготвува и ќе го спроведе меѓународниот судија Петре Неделковски, контакт број: 078482439.