Menu

Вели Мумин

Category
Боксер
About This Project

Мумин е роден на 22 март 1980 во седумчлено ромско сиромашно семејство, во Скопје. Мумин бил оженет за Бугарката Маја Полиска, која во 2002 година ја освоила титулата „Мис фитнес на Бугарија“. Поради оддалеченоста и несогласувањето околу местото на живеење, нивната врска постепено се распаднала, а потоа се развеле. Својата втора сопруга Менка, Мумин ја запознал во салата на клубот „Скопје“, каде таа дошла да учи бокс, а тој ѝ бил учител. Тогаш, Менка студирала на Педагошкиот факултет, а тој ги завршувал постдипломските студии на Факултетот за безбедност. Набрзо, двајцата стапиле во брак во кој ги добиле момчињата Максимилијан (роден во 2013 година) и Кристофер (роден во 2014 година). Мумин со семејството живее во Скопје, во населбата Топаанско Поле, а работи како надзорен инспектор во Агенцијата за спорт и млади.