Menu

Претседателот Примислав Димовски во Белград, се формира регионална боксерска лига, силна поддршка од Александар Вучиќ

Претседателот Примислав Димовски во Белград, се формира регионална боксерска лига, силна поддршка од Александар Вучиќ

Во Белград се одржува состанок на претседателите на Боксерските федерации од регионот, Македонија, Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Словенија, се формира регионална лига во сениорска конкуренција за враќање на боксот на старите добри славни патеки во поранешна Југославија.

Претседателот на боксерската федерација на Македонија, Примислав Димовски заедно со остантите претставници од другите федерации, на иницијатива на претседателот на БФ на Србија, Ненад Боровчанин, остварија средба со Претседателот на Србија,  Александар Вучиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, даде силна поддршка во формирањето на регионалната лига во бокс, ги поздрави учесниците на состанокот, им посака успешна организација, боксот се враќа на голема врата во регионот.

На состанокот на сите претседатели од регионот присуствува и новиот прв претседател на АИБА, Умар Кремлев од Русија, кој исто така даде поддршка во формирање на лигата.

Србија е домаќин на светското првенство за сениори годинава, регионалната лига е добра можност за подготовка за претстојниот Мундијал кон крајот на годинава.