Menu

Примислав Димовски: Регионалната лига е голем проект, ова е голем импулс во развојот на боксот, особено во Македонија

Примислав Димовски: Регионалната лига е голем проект, ова е голем импулс во развојот на боксот, особено во Македонија

Денес во Сараево е официјализирана регионалната лига во бокс, Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ и Словенија, поделени во две групи, А и Б, со вкупно осум тим од мај ќе ги започнат натпреварите со преноси на ТВ Аренаспорт.

Претседателот на БФМ, Примислав Димовски, изјави дека е ова голем проект, со огромно значење за регионот и особено македонскиот бокс.

„Јас сум голем оптимист околу целиот проект. Мислам дека ќе успееме, имаме соработка која претходно не постоеше меѓу претседателите на Боксерските федерации од поранешните Екс-Ју републики. Имаме потешкотии ние во Македонија но со помош на Србија, Хрватска, БиХ, Словенија,  се надевам дека ова ќе донесе успех на сите нас. Особено за нас кои малку потонавме во последните неколку години. Се надеваме дека наскоро ова ќе донесе позитивен резултат. Оваа лига не може да не донесе успех. Боксот порано имаше успеси, тогаш овој за овој спорт имаше интерес, ние сме мала држава но имаше услови со кои тие станаа шампиони. Ние се надеваме дека ќе биде добро, не знам дали ќе се појави нов Аце Русевски или Реџеп Реџеповски, но очекуваме позитивен ефект“ – изјави Примислав Димовски.